Постојаните катници или молари се најголемите заби во устата и истовремено се најмногу постериорно лоцирани и служат за џвакање. Името им потекнува од латинскиот збор molaris, што значи “камен за мелење“. Тие не се супституенти, затоа што се појавуваат зад млечните заби и од нив ја преземааат доминантната улога во формирањето на оклузални односи на хуманата дентиција. Обично има дванаест постојани молари, по три во секој квадрант, а се означаваат како прв, втор и трет постојан катник. Заедно со премоларите, тие ја сочинуваат групата на странични заби.
No comments:
Post a Comment