Најголемиот притисок при џвакањето е во пределот на моларите, што ја одредува нивната масивност, бројот и распоредот на чворчињата, како и бројот и распоредот на корењата. На тој начин е обезбедена добра механичка обработка на храната во устата и олеснето варење во останатите делови на дигестивниот тракт.
Посебно е важно да се нагласи дека „шестката“ е првиот постојан заб што израснува во човековата уста, а со оглед на возраста на детето и честата неинформираност на родителите (кои обично мислат дека во прашање е млечен заб), тој станува сосема запоставен. Со негово губење доаѓа до многу нарушувања во функцијата на џвакањето, нарушување на меѓувиличните односи, како и промена на положбата на околните заби.
No comments:
Post a Comment